Арда Туран се враќа во Галатасарај, оваа вест е потврдена денеска. Како што пренесуваат турските медиуми тој ќе потпише на една година со напомена дека истиот може да се продолжи. Ова значи дека славниот турски фудбалер се враќа во својот матичен клуб. Играше за првиот тим од 2005 до 2011 за да потоа направи трансфер во Атлетико Мадрид. После следуваше трансфер во Барселона. Инаку да потсетиме дека Туран во изминатите две години мина низ пекол, но најмногу благодарение по своја вина. Поради закана со пиштол на турски пејач остана без договор со Башакшехир, а Барселона пак не сакаше да го врати. Ова лето стана слободен играч, па затоа во Галатасарај се враќа како слободен играч.