Вториот тим на МЗТ Скопје и официјално почна со подготовките за новата сезона. Добро е познато дека иднината на „сино-белите“ е доверена во рацете на Борче Даскаловски. Младите кошаркари за почеток минаа неколку тестови, кои пак ќе бидат доволни за да стратегот има целосна слика за нивната подготвеност.