Јошико Саибу е кошаркарот кој се најде на насловните страници на сите медиуми во Европа. Овој кошаркар доби отказ од својот клуб поради необична причина – излегол на протести против мерките на Германија во битката за коронавирусот.

„Не можеме да бидеме одговорни за ризикот од заразата, нешто против кое се бори кошаркарот Саибу“, изјави менаџерот на кошаркарот кој е член на Бон.

Челниците на клубот најдоа точка во договорот на овој играч за да можат да ја раскинат соработката, а тоа е неисполнување на очекувањата на еден професионален спортист.

Во Германија до сега  се забележани 211.281 позитивни случаеви на „Ковид-19“, додека пак 9.156 луѓе ја загубиле битката со овој вирус.