По предвременото завршување на сезоната 2019/20 поради пандемијата на коронавирусot, кошаркарската Евролига е подготвена за организација на два интересни мини-турнири кои всушност ќе го најават враќањето на Евролигата на терените.

Станува збор за предсезонски турнири кои ќе бидат организирани во Каунас и во Валенсија во септември, а на кој ќе настапат дел од учесниците во новото издание на Евролигата кое треба да почне на 1 октомври.

Првиот настан ќе биде во „Жалгирио Арена“ во Каунас, Литванија, на 12-13 септември 2020 година, на кој учествуваат Армани Милано, Панатинаикос, Анадолу Ефес и домаќинот Жалгирис. Потоа предсезонската турнеја се сели во Валенсија, Шпанија, каде на 15-16 септември 2020 година, Баерн Минхен, Олимпијакос, АСВЕЛ Вилербан и Валенсија ќе се борат за пехарот од овој мини-турнир.

„Знаеме колку пропуштија нашите посветени навивачи минатата сезона. Можам да ги уверам сите дека Евролигата не ги заборави“, рече претседателот на кошаркарската Евролига и извршен директор Жорди Бертомеу.

И на двата турнира ќе се играат полуфинални натпревари во првиот ден, а потоа мечеви за трето и прво место.