Томас Брдариќ, некогаш славниот германски репрезентативец, екс – стратег на Шкендија, се чини дека си најде нова тренерска работа на Балканот. Имено медиумите во Албанија шпекулираат дека Германецот ќе седне на клупата на Влазнија Скадар, екипа која пред извесно време ја водеше Мирсад Јонуз, еден од нашите најпознати фудбалски стратези. Додека беше Јонуз на клупата, тимот на Влазнија беше при врвот на табелата, по неговото заминување и тоа поради катастрофалната финансиска ситуација, овој тим едвај се спаси од најлошото.

Кога сме кај Брдариќ да кажеме дека тој во Шкендија беше шеф на струката само неколку месеци во пролетниот дел во 2017 година кога потоа доби отказ поради лошите резултати на тетовци.