Со головите на Лукаку во 33.минута, и на Ериксен во 83.минута Интер успеа да го победи Хетафе со 2:0 и со тоа да се пласира во четвртфиналето во Лигата на Европа. Сепак се чини дека еден од пресудните моменти беше неискористениот пенал на шпанците во 75.минута на 0:1, кога Молина успеа да го промаши целиот гол на Интер од белата точка. Претходно Годин играше со рака, а судијата Тејлор оправдано покажа пенал за Хетафе.

Ова беше меч од осминафиналето во Лигата на Европа, се играше на Велтинс Арената во Гелзенкирхен, нормално без гледачи.

Шпанците многу подобро го започнаа мечот, имаа и две супер шанси, но голманот на италијанскиот тим Хандановиќ секогаш беше на своето место. Казната стигна во 33.минута кога Лукаку постигна мајсторски гол. Во 83.минута со голот на Ериксен италијанците ставија точка на прашањето кој ќе оди во четвртфиналето.

Антонио Конте може да здивме, можеме само да замислиме што ќе беше ако гигантот од Милано не успееше да оди во следната фаза во овој меч против просечниот шпански тим.