Кристијан Тошевски од денеска и официјално е ново име во таборот на шампионот на Албанија, тимот на Тирана. Неколку денови, па и недели се водеа преговорите меѓу тимот од Албанија и нашиот репрезентативен бек и сега веќе екс фудбалер на Вардар, за да на крајот сепак завршија успешно. Тошевски и дефинитивно во наредниот период ќе го носи сино – белиот дрес на најдобриот тим на нашиот западен сосед.

Да потсетиме дека Тошевски досега, покрај Вардар, играше и за Тетекс, потоа за Пелистер, а има и неколку настапи за нашата најдобра фудбалска репрезентација.

Тој е еден од оние кои си заминаа од нашиот најтрофеен клуб пораеди кризата која го “тресе“ извесно време Вардар.