Голем број на кошаркари сонуваат да бидат како легендарниот Мајкл Џордан. Но, навистина е тешко…дел се обидуваат да го ископираат и неговиот стил на облекување, но ниту во тоа не се успешни.

Ваков храбар чекор направи кошаркарот на Далас Маверикс, Тим Хардавеј Џуниор. Пред дуелот со Сакраменто се појави со стајлинг сличен на Џордан од пред многу години, но се посрамоти. На социјалните мрежи имаше бројни коментари, секако негативни.