Фелипе Кутињо во новата сезона нема да го носи дресот на Барселона. Фудбалерот за кого каталонскиот гигант во јануари 2018 година на Ливерпул му плати 160 милиони евра, а притоа не направи ништо и замина на позајмица во Баерн, ќе ја промени средината.

Новата дестинација на Бразилецот треба да биде Лондон, според пишувањата на каталонски спорт, реализацијата на трансфер треба да се реализира.

За жал Арсенал не може да го откупи целиот договор, но за одредена сума на пари може да го донесе Кутињо на едногодишна позајмица. Преговорите се во тек, па нема да биде за изненадување доколку го видиме во Премиер-лигата.