Убави вести од редовите на Македонија ЃП и Борец Велес. На најновите тестови за Ковид-19, кои ги плати Фудбалската Федерација на Македонија, сите членови на овие два клуба се негативни. Тоа значи дека и двете екипи подготвени се за официјален фудбал, за старт на новата 2020/2021 сезона во ПМФЛ.

Да потсетиме дека новото првенство почнува овој викенд, “лавовите“ дома го дочекуваат Работнички а Борец пак ќе гостува на Арената “Тодор Проески“ кај Вардар, само овој меч се игра в сабота, сите останати во недела.

Да повториме дека последните тестови на Ковид-19 за секоја екипа пред почетокот на првенството ги плати ФФМ.