Шампионот во Премиерлигата и се уште европски првак, тимот на Ливерпул, својата одбрана ќе ја засилува со играч од второлигашки клуб. Имено “редси“ имаат намера со 13 милиони евра да го купат стоперот на Норич Џамал Луис. Тој би требало да биде замената за Дејан Ловрен кој се пресели во Зенит од Санкт Петербург. Според “Дејли Телеграф“ Ливерпул сака да го купи Луис по намалена цена ако се знае дека Норич сезоната не успеа да го задржи премиерлигашкиот статус, а тоа значи дека ако дојде до трансфер најдобриот тим во Англија ќе купува од второлигаш.