Џемал Ибиши заминува во Хрватска, во тимот на Локомотива Загреб, тим кој ова лето ќе игра во квалификациите во Лигата на Шампионите. Според медиумите во Хрватска, раководството на Локомотива го договорил сега веќе екс бисерот на Вардар, еден од најталентираните наши млади репрезентативци. Да потсетиме дека Ибиши пред извесно време сам побара да си оди од Вардар, тој е еден од оние млади таленти како Али Адем, Марио Младеновски, Азер Омерагиќ… и други, кои поради кризата во Вардар си заминаа о нашиот најтрофеен клуб и својата кариера ќе ја продолжат надвор од нашата земја.