Манчестер јунајтед понуди 55 милиони евра за крилниот играч на Фиорентина, Федерико Киеза.

Италијанскиот интернационалец во последниве месеци се поврзуваше со низа екипи во Серија А, вклучувајќи ги Јувентус и Интер, но првиот вистински чекор го направи Манчестер Јунајтед.

Претседателот на „виолетовите“, Роко Комисо изјави дека е подготвен да му дозволи на крилниот напаѓач да ја напушти Фиренца за „вистинска цена“.

Весникот „Ла Национе“ тврди дека „црвените ѓаволи“ направиле понуда вредна 55 милиони евра за 22-годишниот фудбалер, а сега се чека одговор од Италија.