Металург и Е.Пелистер дел од подготовките ги работат во Маврово. Ова се двата тима кои ќе се сретнат во групната фаза на 48. издание на традиционалниот ракометен турнир во Струга, кој ќе се одржи од 12. до 16. август на отвореното игралиште “Горан Попоски Бабец“, кај “Женска плажа“.

Пред Струга, Металург и Е.Пелистер ќе ги одмерат силите токму во Маврово. Според договорот ќе се одиграат три полувремиња, со цел тренерите на двата тима Зоран Кастратовиќ и Жељко Бабиќ да можат да им дадат шанса на сите ракометари кои се најдоа на списокот за новата сезона. Дуелот е закажан за во сабота.

На турнирот во Струга ќе ќе учествуваат осум македонски екипи, кои веќе се поделени во две групи:

Група А: Вардар, Охрид, Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер 2

Група Б: Еурофарм Пелистер, Металург, Прилеп и Струга