Најавите се остварија. Нејтан Аке, холанскиот стопер и досегашен член на Борнмут е ново име во одбраната на Манчестер Сити. Вчера Феран Торес, денеска Нејтан Аке, секако дека Пеп Гвардиола мора да биде задоволен. Она што го сака Пеп, тоа и го добива. Аке потпиша договор со “граѓаните“ до 2025 година.

Манчестер Сити е најдобриот тим во Англија во последната деценија. Пеп е тренерот кој цел свет го почитува. Моето доаѓање во Сити е остварување на сонот“ истакна Аке по потписот.

Инаку за него Манчестер Сити на Борнмут му плати 43 милиони евра, со што ја надмина сумата од 300 милиони евра кои Пеп ги потрошил за одбрамбени играчи откако е во клубот.