Во второто коло од новиот шампионат на Србија се случи и првиот пораз на тимот на Партизан.

Предмалку во Нови Пазар, домаќинот на исклучително интересен меч триумфираше со 3:2, и на тој начин ги освои првите бодови сезоната. Домаќините поведоа уште на самиот старт со удар од белата точка, но во второто полувреме Партизан преку Сума односно Асано дојде до пресврт. Сепак домаќините упорни, борбени, не се предадоа, и пред се поради грешките на дефанзивата на Партизан, не само што дојдоа до израмнување туку и поведоа преку Периќ и автоголот на Милетиќ. Домашните очигледно ќе бидат исклучително тежок противник не негов терен сезонава, а во моментов се игра и без гледачи.

Во вториот меч од попладневниот термин Вождовац ја победи Инџија на нејзин терен со минимални 0:1.