Досегашниот играч на Академија Пандев, Ристе Темелков се врати во својот матичен клуб Тиквеш. Играчот за врска летово реши да ги промени клупските бои и да го засили токму Тиквеш, екипата која има сериозни амбиции следната година да се натпреварува во првата лига.

Темелков не размислуваше премногу околу неговата одлука очигледно дека сака да е дел од проектот наречек Тиквеш прволигаш, и се одлучи да се приклучи на редот на засилувања кои летово пристигнаа во Кавадарци.