Еден од најдобрите фудбалски судии, Србинот Милорад Мажиќ ја заврши својата судиска кариера, а во иднина ќе работи во Фудбалската асоцијација на Кипар.

Српските медиуми пишуваат дека Мажиќ потпишал двегодишен договор со Фудбалската асоцијација на Кипар, кој стапи на сила веднаш.

Неговата работа, според локалните медиуми, ќе биде организирање и избор на судии, како и нивно понатамошно тренирање. Мажиќ веќе се обрати до Кипарците преку видео повик на почетокот на годишниот семинар на судиите.

Познатиот српски судија ги одсуди последните натпревари во Кина. За време на неговата кариера, судеше на финале на Лигата на шампионите, како и во Европскиот Супер куп.