Германски „Спорт Билд“ денеска пишува дека Томас Тухел побарал од директорот на ПСЖ, Леонардо и неговите менаџери да тргнат во офанзива за потпишување на дефанзивецот на Баерн Минхен, Давид Алаба.

Откако стана јасно дека Алаба нема намера да остане во Минхен, тренерот на парижани е решен да го донесе во Париз. Според информациите од германскиот неделник, тренерот на ПСЖ во Алаба гледа идеално решение  за дефанзивната линија, особено со неговата универзалност за пополнување и на некоја од позициите во средината на теренот.

Останува да се почека евентуално првата средба на двете страни, па да се види одговорот од минхенскиот клуб.