УЕФА објави многу строги протоколи за завршните турнири во Лигата на шампиони и Лига Европа, истите се базирани на бројни тестови.

Сите играчи, но и членови на стручните штабови ќе мора да направат „Ковид-тест“ два дена пред првиот меч, по што ќе морат одново да се тестираат ден пред секој меч во ЛШ и ЛЕ, резултатите мора да бидат готови шест часа пред почетокот на натпреварот.

Никој од играчите или членовите на стручниот штаб не смеат да го напуштат хотелот, освен ако тоа претходно не е договорено и тоа под посебни услови.

Сите имаат забрана да контактираат со личности кои не се дел од екипата, со цел да се намали ризикот за зараза.

Завршниот турнир во ЛШ ќе се игра во Португалија, додека ЛЕ ќе биде одигран во Германија.