Некогашниот македонски репрезентативец, Филип Лазаров најверојатно е позитивен на коронавирус, пишуваат германските медиуми. Од тимот на Ратинген ги чекаат резултатите од новото тестирање.

Лазаров се сомнева дека се заразил на пат кон Германија, сопатникот до него бил позитивен на „Ковид-19“. Поради мерки на претпазливост, македонскиот ракометар не заминал на подготовки со својот тим во Холандија и веднаш на своја рака направил тест, кој бил позитивен. Но, со оглед на тоа дека целиот тим е негативе, а притоа и неговата сопруга и синчето, во таборот на германскиот клуб веруваат дека можеби станува збор за грешка.

Официјалните резултати ќе бидат познати во текот на денот.