Златко Хорват дефинитивно е најзвучното име кое македонските екипи го донесоа ова лето. Хрватскиот ракометар по 18 години минати во дресот на ППД Загреб одлучи да го направи првиот интернационалец трансфер и тоа во редовите на Металург.

Десното крило е во Маврово со тимот од Автокоманда, и засега е задоволен од условите и секако начинот на функционирање на македонскиот клуб. Хорват испрати кратка порака на својот „Инстаграм“ профил:

„Нов тим, иста енергија“, пиша Хорват, а потоа им се заблагодари на сите во Металург за одлично гостопримство.

 

View this post on Instagram

 

New team and same energy!! 🔥🔥Thanks to @rkmetalurg for great hospitality #hadball #rakomet #skopje

A post shared by Zlatko Horvat (@horvat_zlatko) on

Хрватот заедно со својот нов тим покрај домашните обврски, го чека и настап во квалификациите за Лига Европа. Прва пречка за Металург е Спачва од Винковци. Првиот натпревар се игра во Скопје на 29. август, додека реваншот е на 5. септември.