Андреј Јакимовски од Италија се сели во САД каде ќе настапува во НЦЦА-лигата. Македонскиот репрезентативец и наша голема надеж ќе настапува во колеџот Вашингтон Стејт.

Јакимовски во новата авантура влегува со бројот 23 – кој го носеше легендарниот кошаркар, Мајкл Џордан. Репрезентативецот се уште е во Македонија, ги средува потребните документи за да може да се пресели во Америка.

Да се надеваме дека патот кон НБА-лигата од Вашингтон ќе биде полесен и дека тој ќе стане вториот Македонец кој заиграл во најсилното светско клупско натпреварување.