Екипата на Манчестер Јунајтед и официјално го мина тимот на Ласк во елимионационата фаза од Лигата на Европа.

Откако првиот меч кој беше одигран пред коронавирусот, заврши со триумф од 0:5, овојпат Јунајтед на домашен терен успеа да слави со 2:1.

Иако гостите изненадувачки поведоа во второто полувреме со голот на Вајсингер, следуваше комплетен пресврт преку Лингард и Мартиал.