Англиски Вулверхемптон е последниот патник во четврфиналето на Лигата на Европа. Во возвратниот осминафинален меч вечерва против Олимпијакос, „волците“ славеа минимално со 1:0 и по ремито на гостувањето во Атина успеаја да се провлечат кон завршната фаза на годинешното натпреварување.

Клучен момент на средбата беше пеналот кој уште во 8. минута од мечот го добија домашните, а Раул Хименез го претвори во водство од 1:0. Иако Вулверхемптон имаше неколку 100% шанси во вториот дел од мечот, не успеа да погоди и вторпат за да стави точна на неизвесноста. Олимпијакос се надеваше на реми до самиот крај, но и тие не најдоа начин да постигнат гол.

Во четврфиналето Вулверхемптон оди на меч со Севиља.