Спортскиот директор на Интер, Бепе Марота вчера објави дека клубот веќе постигнал договор со Алексис Санчез и дека Чилеанецот и официјално е член на клубот.

Тој и досега беше во Милано, но како позајмен играч од Манчестер Јунајтед. Таму нормално поради огромната плата, не сакаа да го задржат, па Интер се реши да го откупи.

„Се уште мора да говорам на оваа тема неофицијално но, да. Алексис Санчез е наш играч. Потпишавме договор на три години. Веруваме вои неговите квалитети, мислам дека тој може многу да придонесе за нас“, изјави Марота.