Ефикасно се играше вечерва на средбата меѓу Сакраменто и Њу Орлеанс, победија Кингси со 140:125. Победија и тоа благодарение на Богдан Богдановиќ кој имаше супер вечер. Србинот беше фантастичен и стигна до рекордниот скор во кариерата во НБА. Тој постигна 35 поени (19/29) од игра, потоа погоди шест тројки од девет обиди. Ова беше прекрасно враќање на Богдановиќ кој на минатиот меч во НБА имаше срамен скор од 0-13. Да кажеме дека Сакраменто во првата четвртина постигна нестварни 49 поени, и тука ја доби средбата.