Даниел Аврамовски, најдобриот стрелец и најдобриот фудбалер во ПМФЛ во минатата сезона е пред можен трансфер во Кајзериспор. Тим од елитната лига во Турција кој вчера остана без тренерот Роберт Просинечки. Како што дознава СПОРТМЕДИА интересот на турскиот тим за Цујо, кој е и актуелен репрезентативец на Македонија, инаку се уште фудбалер на Вардар, бил многу голем. Дури и лично се распрашувале кај познати фудбалски фаци во Македонија за тоа што може Аврамовски и дали е доволно добар за нивниот клуб.

Инаку ситуацијата со Аврамовски во Вардар се уште не е дефинирана за наредната сезона. Секако дека неговиот проритет е заминување надвор од Македонија.