Екипата на Лидс Јунајтед е заинтересирана за крилниот фудбалер на Ливерпул, Хари Вилсон, пишува „Сан“. Новаците во Премиер лигата ќе се обидат да направат сериозна селекција во првата година по враќањето во англиската елита.

Марсело Биелса е подготвен да понуди околу 15 милиони фунти за 23-годишниот Велшанец, кој на 31 натпревар минатата сезона постигна 7 голови за екипата на Бурнемаут, каде играше на позајмица.

Не е јасно дали Ливерпул ќе се согласи за директна продажба, особено ако не биде доведен нов офанзивен играч.