Коста Манев во изминатата сезона со своите настапи ги воодушеви сите во Вележ. Пред се фановите и самите мостарци кои велат дека одамна таков стопер не играл за “роѓените“. Сепак по зваршување на договорот екс вардарецот и Вележ не успеаја да се договорат за продолжување на соработката. Мостарскиот клуб потоа купи двајца нови дефанзивци, од кои едниот е Константин Чешмеџиев, но и двајцата не се прославија на првиот меч на “Грбавица“ со Железничар.

Па така деновиве фановите на Вележ испратија специјална порака до раководството на својот клуб.

А таа гласи дека ако треба клубот да му го “препише“ и Стариот мост на Македонецот, само да го врати во Вележ.

Навистина интересно.

Можеби малку на шега, но тоа е тој познат и прочуен босански хумор.

Од друга страна се гледа колку е почитуван Манев во Мостар.