Уште едно име во низа во спортот е позитивно на коронавирус. Станува збор за тренерот на ЦСКА , Димитрис Итудис. Според информациите неговото семејство, сопругата и децата се негативни на „Ковид-19“.

Итудис ќе остане во Атина се додека не оздрави, па дури потоа ќе се приклучи на својот тим во Москва.

„Итудис ќе се лекува во Атина, во Москва ќе дојде кога ќе се создат услови за тоа“, се вели во известувањето на клубот.

Во меѓувреме голем број на клубови испратија поддршка до стратегот на ЦСКА.