Реал Мадрид беше поразен од Манчестер Сити со 2-1 на реванш мечот и со 4-2 е елиминиран од Лигата на шампионите.

Ова е првпат Зинедин Зидан во тренерската кариера да биде исфрлен од најелитното европско клупско натпреварување.

Во претходните три обиди секогаш доаѓаше до самиот крај, во сезоните 2015/16, 2016/17 и 2017/18. Минатата сезона кога Реал беше елиминиран од Ајакс во осминафиналето, тренер беше Солари.

И, додека Зидан ќе мора да причека следната сезона, Пеп Гвардиола ќе го одведе својот тим во Лисабон на самата завршница каде ќе се обиде да се изедначи со францускиот стратег по бројот на титули во ЛШ. Зидан има три титули како тренер, додека Гвардиола има две, сите со Барселона.

Манчестер Сити во четвртфиналето ќе игра против Лион.