Завршницата на годинашнава сезона од Лигата на шампионите ќе остане без „кралскиот клуб“ од Мадрид. Во реванш мечот против Манчестер Сити на „Етихад“ момците на Зинедин Зидан дозволија со две сопствени грашки да го даруваат домашниот тим со два гола и да му го олеснат патот кон завршната рунда. „Граѓаните“ славеа со идентични 2:1 како и на првиот меч во Мадрид и обезбедија промоција меѓу четврфиналистите оваа сезона.

Мечот започна со катастрофална грешка на Варан во сопствениот шеснаесетник. Тој дозволи Габриел Жезус да му украде топка, да го проигра Стерлинг и веќе во 9. минута „граѓаните“ да поведат со 1:0.

Реал (М) не се предаваше и покрај жестокиот притисок на домашните. Бензема најпрво од свртување биеше одлично, но Едерсон одбрани, за во 28. минута по одличното нафрлување на Родригос о глава да ја смести топката во домашниот гол за 1:1, резултат со кој се замина на пауза.

А како „киксот“ на Варан од првото полувреме да не беше доволен, па францускиот дефанзивец и во вториот дел реши да го почести домаќинот. Уште една трагична интервенција на Варан во 68. минута значеше нов подарок гол за Сити, кој овој пат Габриел Жезус го претвори во водство од 2:1 и конечен резултат на овој реванш меч.