Извонредно продолжение на возбудувањата во Лигата на шампионите ни донесе првото полувреме на пресметките во Манчестер и Торино.

Манчестер Сити и Реал (М) завршија со 1:1 по првите 45 минути, во ревија од шанси кои завршија со само два гола. Првиот за домашните уште во 9. минута по катастрофалната грешка на Рафаел Варан, а оној вториот во 28. минута со прецизен удар со глава на Карим Бензема. Засега Сити има предност од 3:2, а Реал е тимот кој треба да нападне во вториот дел.


Јувентус и Лион погодија по еднаш од белата точка за 1:1 на полувремето во Торино. Гостите изненадија со водството во 12. минута откако Депај реализираше од белата точка, додека домашните добија пенал во финишот на првиот дел, кој Роналдо го претвори во израмнување.  Лион и натаму има вкупна предност од 2:1. „Старата Дама“ има надеж само уште едно полувреме.