Некогашниот кошаркар на Црвена Звезда, Марко Кешељ добива нова функција во овој клуб, како што пренесуваат српските медиуми тој ќе биде назначен за потпретседател.

Тој како играч на овој тим на двапати го носеше „црвено-белиот“ дрес. Прво во периодот од 2008 до 2010 година, а потоа се врати во 2017 година и настапуваше до минатата година.

Со Црвена Звезда освои титули во АБА-лига, еден Супер-Куп, додека пак првенството во двапати.

Во кариерата настапуваше за Џирона, Келн, Олимпијакос, Валенсија, Ле Ман, Асвел, Мега и Остенде.