Капитенот на Македонската младинска репрезентација Милан Ристовски летово дефинтивино раскрстува со тимот на Нитра каде што играше со успех до сега и се враќа во неговата матична Ријека. Со Хрватскиот тим, Ристовски има договор, а по головите и одличните партии во Словачка, секако дека Ријека сака да го врати напаѓачот во своите редови.

Но, дали Ријека во моментов е способна да му ја додели минутажата на Ристовски која објективно ја заслужува нашиот интернационалец или пак повторно Ристовски ќе мора да чека шанса зад некој друг напаѓач останува да видиме. Тој покажа во дресот на Нитра дека кога ќе му се додели улогата на прв напаѓач и тоа како знае да ја искористи, а тоа треба да се случи и во Ријека. Ристовски е млад, треба да игра, да минува многу време на терен, а тоа е важно и за него како индивидуа, и за нас кои сме засегнати тој да биде во топ форма за репрезентативните настапи кои доаѓаат наесен. Понуди за негово повторно одстапување секако дека има но одлука треба да се донесе што побргу.