Најдобриот тренер во македонската одбојкарска лига Кирил Ричлиев го продолжи договорот за соработка со одбојкарскиот клуб Џио.
Асистенти кај помладите категории во тимот ќе му бидат, Костадин Ричлиев, Јане Попов, Васе Михаилов, Киро Арабаџиев и Владо Милев кој ќе помага во развојот на одбојкарите во сите категории по најновите европски програми на ЦЕВ.
За здравјето на играчите повторно лидер на медицинскиот тим ќе биде Д-р Кочо Манчев. Со него ќе бидат Д-р Душан Королија и физиотерапевтот Александар Црвенковски.