Алексис Санчез е нов фудбалер на Интер, и според договор. Тој веќе е извесен период член на Интер, досега како позајмен фудбалер, а одсега како откупен од ЈУнајтед.

Целата операција траеше извесен период, имаше Интер интерес да го задржи, а Манчестер Јунајтед да се ослободи од него. Па така, најден е заединички јазик во кој Чилеанецот ќе биде исплатен од страна на Јунајтед девет милиони фунти во замена да го раскине договорот, кој беше со важност на уште две години и беше еден од највредните во светот.

Санчез на име на плата во Јунајтед во следните две години требаше да добие 50 милиони  фунти, па затоа овој дил во кој Јунајтед му исплаќа само девет е вистинска премија за клубот од Олд Трафорд.