Сан Антонио не се откажува од пласман во плеј-офот. Грег Попович и неговите момци ја совладаа Јута со 119-111, која пак го има решено прашањето за место во следната рунда.

Спарси уште на стартот го диктираа темпото, поведоа со 22-8 и до крај не дозволија поинаков тек на натпреварот.

Сан Антонио се наоѓа на десетото место во Западната конференција, поточно го делат две позиции од посакуваната „осумка“ за која конкурираат голем број на тимови.

Најефикасен во редовите на Спарси беше Вајт со 24 поени, добра игра пружи и Поелтл со 19 поени и 10 скока, на другата страна Кларксон имаше 24 поени.