Како што јавуваат од таборот на Струга, овој клуб се засили со ново име во своите редови. Тоа е Дино Мехиќ, кој важи за босански џин со оглед дека е висок дури 204 см. Мехиќ во минатата сезона играше за Слобода Тузла и ќе биде големо засилување на десната бековска позиција на клубот од Суперлигата.

Сега стружани може да се пофалат дека не само Вардар, познато е дека таму играше џинот Криштопанс, и тие имаат свој ракометен џин во своите редови.