Голема трагедија се случи денеска во Белград, каде што ненадејно почина Нигерискиот интернационалец и екс кошаркар на Црвена Звезда, Мајкл Оџо.

Тој денеска тренирал на стадионот на Партизан, но ненадејно му се слошило и се срушил пред самиот стадион. Луѓето кои се вработени во обкјектот повикале Брза помош, а сето ова се случувало по локално време од 12:30 напладне. Ова се непотврдени информации од медиумите во Србија, а и од Црвена Звезда како клуб засега немаат коментар.