Шокантно, Пеп Гвардиола не е меѓу номинираните четворица кандидати за најдобар тренер на годината во Премиерлигата. Иако заврши како втор со својот Манчестер Сити, сепак Пеп не е меѓу избраните. Јасно е дека тука е Јирген Клоп кој со својот Ливерпул дојде до титулата. Тука е е Брендан Роџерс кој имаше добра сезона со Лестер, потоа третиот кандидат е Франк Лампард кој избори излез во Лигата на Шампионите со Челзи и тука е Крис Вајлдер, стратегот на Шефилд, најпријатното изненадување во штотуку завршената сезона во Премиерлигата.