Стефан Јевтоски повторно е дел од тренинзите на Работночки. Играчот за врска е во очекување на трансфер летово, откако му заврши соработката токму со клубот од Градски парк, а во меѓувреме еве повторно е на тренинзите на клубот.

Дали ќе се обнови соработката ќе видиме, а во секој случај Работнички во моментов би примил во своите редови играч како Јевто. Екс македонскиот младински репрезентативец и интернационалец одигра минатата сезона многу минутажа и доколку се одлучи повторно да остане во Работнички ќе ја зголеми и онака солидната конкуренција во средниот ред.