Манчестер Сити славеше со 2-1 на дуелот против Реал Мадрид во рамките на реванш соминафиналниот меч во Лигата на шампионите. По завршувањето на оваа средба на социјалните медиуми излезе неверојатна фотографија.

На стадионот „Етихад“ останаа сами Пеп Гвардиола и Зинедин Зидан.

Двете легенди кои како тренери заедно имаат пет титули во Европа, кратко разговараа по натпреварот, момент кој не им избега на фоторепортерите.

Навистина е убаво да се видат и двајцата заедно по еден ваков важен меч. Ова покажува дека се големи пријатели.

Останува неодговорено прашањето што си кажаа еден на друг.