По убедливата победа од 3:0 на првиот меч во Лондон, германскиот шампион со убедливи 4:1 го реши и реванш дуелот со Челзи, овој пат на својот стадион. Уште пред почетокот на мечот беше јасно дека гостите имаат големи проблеми со формирањето на првиот тим поради бројните повреди, па Баерн беше и онака голем фаворит.

Двата брзи гола во првото полувреме со кои Германците поведоа со 2:0 само го потврдија местото на баерн (М) во четврфиналето. Отвори Левандовски од пенал во 10. минута, зголеми Перишиќ во 24. минута. Гостите во финишот на првиот дел искористија шанса да намалат на 2:1 со голот на Тами Абрахам.

 

Во вториот дел не се промени ништо особено. Баерн ја одржуваше рамнотежата на теренот и не дозволи никакво враќање на „сините“ во трка за подобар резултат. Головите на Толизо (76′) и на Левандовски (84′) само ја потврдија доминацијата и заслуженото место за Баерн во четврфиналето.