Од среда до сабота следната недела (12-15.08.2020) следуваат четврфиналните пресметки во најквалитетното европско клупско натпреварување. По вечерашните реванш пресметки, познати се комплетните двојки за четврфиналето и распоредот на натпреварите на финалниот турнир во Лисабон.

Четврфиналната серија ќе ја отворат Аталанта и ПСЖ во среда, по нив следуваат Лајпциг и Атлетико (М) во четврток, Барселона и Баерн (М) во петок и Лион и Манчестер Сити во сабота.