Давид Тошевски вчера и официјално беше претставен како ново засилување на Ростов. Македонскиот фудбалер денеска ќе ја чека својата прва шанса за настап во дресот на рускиот тим, кој му гостува на Тамбов.

Ростов за новите засилувања подготви посебни видео-записи, не беше исклучок ниту големата фудбалска надеж на Македонија.

„Специјален авион слета на нашиот аеродром, а меѓу патниците имаше и важна личност за нашиот клуб. Во нашата банда дојде нов суперхерој, кој знае да постигнува голови“, напишаа од Ростов под видеото со презентацијата на Тошевски.