Драматично подмладениот Вардар вчера немаше никакви шанси против Борец,  нашиот најтрофеен клуб треба да биде среќен што загуби само со 0:1. Како играше Вардар, тотално неподготвен се чини и добро мина. Ако гостите имаа повеќе среќа и знаење во завршницата од своите шанси, ќе беше многу “весело“ за екипата на тренерот Александар Васоски.

Една од светлите точки во таборот на Вардар е дебито на младиот и талентиран Георг Стојановски, и тоа на само 16 години и седум месеци. Роден е на 12 јануари 2004 година. Влезе во игра во 84.минута, имаше неколку добри потези со топката, се гледа дека е талент. Ќе видиме понатаму како ќе се развива, важно е да добива шанса во првиот тим. Инаку Георг е внук на прославениот Ѓоко Хаџиевски.