Легендарниот фудбалер на Јувентус, Алесандро Дел Пиеро изјави дека е многу изненаден од изборот на Андреа Пирло за нов тренер на „Старата Дама“.

„Искрено, не би вложил ниту едно евро во обложувалница на тоа дека Пирло ќе биде тренер на Јувентус. Јас сум многу изненаден”, појасни Дел Пиеро во изјавата за италијанските телевизии.

На прашањето на новинарите дали изборот на Пирло е сличен на оној што Реал Мадрид го направи со Зинедин Зидан, Дел Пиеро одговори:

„Не. Зидан работеше долго време како асистент на Анчелоти во Реал, тој исто така го предводеше Б-тимот … Но, мислам дека Пирло може да биде дури и поуспешен од Зидан. Тој ги познава клубот, играчите и целата околина”.