Уф, какво дерби на Чаир уште во првото коло во ПМФЛ, и тоа “европско“ дерби. Играат Шкупи и Шкендија, и двете екипи утре во Нион ќе ги очекуваат противниците за 1.квалификациско коло во Лигата на Европа, но за тоа утре, а денеска со почеток во 17:30 часот ќе го одиграат првиот меч во новата сезона. Штета што ќе нема публика од познати причини, но и Шкупи и Шкендија се доволно квалитетни на ТВ да проследиме одличен фудбал.

Капитенот на чаирчани Бесир Исени има свој коментар за денешниот дуел:

“Максимално сме подготвени. Цела недела работевме и се подготвувавме специјално само за Шкендија. Се знаеме и едните и другите, и добрите и лошите страни си го знаеме. Јас очекувам и се надевам дека ќе ја победиме Шкендија и дека трите бода ќе останат на Чаир“ изјави Исени.

На овој меч Шкупи ќе настапи без Фреди Алварез и Џамал Дибиргаџиев за кои се уште не завршена постапката за регистрација.